Центарот за јавно здравје ќе отпочне со вакцинација против грип од вторник, 13 октомври. Обезбедени се 2100 дози.
Вакцинацијата е најефикасна превентивна мерка, која штити од заболување и од сериозни компликации на грип. Лица со најголем ризик се возрасни и деца над 6 месечна возраст со хронични заболувања на белодробниот и кардиоваскуларниот систем, како и метаболни нарушувања (пред сé шеќерна болест), лица со хронични бубрежни заболувања, лица со ослабен имунитет и лица постари од 65 години. Сезонската тровалентна вакцина се препорачува посебно на бремени жени после првите три месеци од бременоста во консултација со гинеколог и на лица со зголемена телесна тежина.
Според препораките на СЗО за северната хемисфера за сезоната 2015/2016, тровалентната вакцина содржи антигени на типот на вирусот AH1N1, AH3N2 и вирусот на грип Б.