ТЕЗГИ НЕБАРЕ ДУЌАНИ

Во пазарот за текстил

I vecerna kupoprodazba na pazarТезги со магацински простор кои ќе им овозможат на закупците стоката да ја чуваат на продажните места, се обезбедени на пазарот за текстил. Со нив, ЈКП Пазари ќе осигура подобри услови за работа и ќе може граѓаните да пазарат независно од временските услови.

– Со набавката на новите тезги, закупците ќе имаат помалку трошоци. Нема да имаат потреба од магацински простор за кој што до сега плаќаа и нема да ја внесуваат и изнесуваат стоката секој ден од пазарот. И со тоа ќе ги намалат тошоците за транспорт. Со новите продажни места ќе се овозможи производите од текстил да бидат подобро изложени и понудени на купувачите. За заштита се грижи агенција за обезбедување која гарантира сигурност и надоместување на штета. Располагаме и со видео надзор кој овозможува целосна заштита на стоката на просторот од пазарот затекстил и за зелени производи – вели Пецо Димоски, директор на ЈКП Пазари.

Пазарот нуди многу добри услови со поволности и ниски цени по продажно место.

– Закупнината месечно се движи од 4 500 денари во текстилниот пазар, и од 4 000 до 5 300 денари во пазарот на зелени производи. Граѓаните почесто да ги користат услугите на градскиот пазар и да најдат сé што им е потребно, од свежо овошје и зеленчук со најдобар квалитет, до бижутерија, текстил, железарија и многу други производи кои ги има само на градскот пазар – вели Димоски.

Лани беше покриен текстилниот пазар на 700 м2. Инвестицијата чинеше 400 илјади денари. Продажниот простор е целосно осветлен со 235 илјади денари со што се создадоа  услови за работа и во вечерните часови.

Loading