ГРАНТОВИ ЗА ИНОВАТИВНИ ФИРМИ

Interes za grantovi so kofinansiranjeФондот за иновации и технолошки развој го промовира повикот за кофинансирани грантови за старт-ап, започнати и спин-оф, обртни претпријатија. Вкупниот фонд за финансирање на 20 проекти е 600 илјади евра. Проектите треба да се базираат на иновативно решение и воведување на нови производи, процеси или услуги. Повикот ги покрива сите бизнис сектори. Наменет е за компании не постари од 6 години, со помалку од 250 вработени, кои не остваруваат приходи поголеми од еден милион евра годишно и кои немаат подигнато повеќе од 100 илјади евра кредит.

– Фондот ги запознава потенцијалните апликанти со правилата и процедурите и ги насочува подобро да ги подготват проектите. Во Прилеп дојдоа спремни компании со конкретни прашања. Очекуваме успешни апликации за да потпишеме повеќе договори – вели Катарина Кречева, советник во Фондот.

Повикот е отворен до 18-ти април.

Loading