КОН ПРВА ЛИГА

Фудбал во Хрватска

Вистински избор за Нове Ацески и Илија Несторовски е хрватскиот второлигаш Интер од Запрешиќ. Есенва одлично им оди. Од 13 кола освоени се 27 бода, за прво место и бод предност пред втората Горица. Прилепчаните се незаменливи во средниот ред и нападот. Речиси на сите натпревари, како на последниот на гости (2-1) кај хрватски Драговољац играат по 90 минути. Несторовски има постигнато 11, а Ацески два гола.

Денеска е дербито дома со петтиот Имотски.

Loading