МЕДАЛИ ЗА СИТЕ

Џудо

Спорт во кој не е битно само поединец да освои медал, туку клубот да има што повеќе одличја во споредба со конкурентите, затоа што во еден ден се доделуваат многу награди на пиедесталот. На Државното првенство за помлади пионери и млади сениори во Струга, меѓу осум клубови, посебен печат оставија прилепчаните. ЏК Сеишин соопшти дека 17 членови освоиле 14 медали. “Позлатени” се сениорот Христијан Ѓураков, пионерите Јован Најдоски, Кристијан Тошески, Валентин Димитриоски, Стефана Џамбазовска и Теодора Тасеска.  

Loading