МАРАТОН ВО СЕДУМ ТУРНУСИ

Моделарство

Се оправдаа големите очекувања во светските купови во воздухопловно моделарство, “Прилеп куп – Трофеј на Прилеп” и “Македонија куп”. Возбудливост, драматичност и неизвесност го карактеризираа натпреварувањето. Во категоријата едрилици Ф-1-А изненади Словенецот Матија Храст со триумф над фаворитите, Канаѓанецот Јама Даниер и третопласираниот, сонародникот Арјаж Фернанчиќ. Временските услови не беа наклонети со ветер од пет до девет метри во секунда, но моделарите дадоа се од себе.

Честа на Македонија е со среброто на Бојан Димески во Ф-1-А, бронзите во Ф-1-А на Дејан Алексов, во Ф-1-Х на Мартин Орешков и Небојша Стошиќ.

– За еден турнус од 50 минути ги лансираат моделите, потоа трчаат два-три километри да ги најдат и се вратат на старт. Тешка категорија во која има наука, аеродинамика, конструкција и иновации. Потполно висока психофизичка подготовка е основа за посакуван број поени – вели Здравко Тодороски, директор на куповите.

Словенците освоија најмногу први места, седум, по две Србија, Бугарија и Хрватска, по едно Полска, Канада и Русија. 

Loading