ПОСИЛЕН ОД ВЕТРОТ

Бесплатна објава

Параглајдерство

Во тешки услови на силен ветер, на работ од безбедноста, во Гостивар се одржа Меѓународен параглајдерски натпревар во прецизно слетување со триумф на најмладиот, 19-годишен Борјан Јованоски. Меѓу 30 пилоти од Албанија, Косово и Македонија беше единствениот без негативни поени. Малку под него се пласираа останатите репрезентативци од градов, втор Златко Спиркоски, петти Христијан Темелкоски, шести Миле Јованоски.

На потег е Мартин Јованоски на Светскиот куп во Турција.  

Loading