ТРЕТА СРЕЌА

Ракомет

По поразот на гости 26-23 од Работнички и претходното реми дома со Охрид, се бара трета – среќа за Прилеп, а тоа е мечот в сабота (19 ч.) во салата од “Р. Р. Ричко” со лидерот Металург јуниор. Новиот тренер Боро Чурлевски има свои барања на тренинзите и натпреварите, но потребно е време за ефект.

– Верувам во управата и сите кои стојат зад овој клуб. Имаме играчи за добри резултати, но треба труд и време. По овие натпревари ќе се видат грешките, одиме на подобрување на квалитетот во одговорност, организација, игра во одбраната… Првенството е долго, има шанси за поправање во оваа лига каде секој секого може да победи – смета Чурлевски.

Проблем се црвените картони, во Скопје доби Ангеловски, а по паузата утре се враќа Цветкоски.

Loading