МИНУС ДЕСЕТ КИЛОГРАМИ СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА

Варените јајца во некои оброци ги заменуваат изворите на протеини, односно посното месо или рибите. Од зеленчук, дозволено е она кое не содржи скроб, а од овошје, може да се јаде и со малку шеќер. Така може да се ослаби 10 килограми за две седмици.

Оваа диета е многу рестриктивна и не смее да се применува долго. За појадок се советуваат две варени јајца со варен зеленчук како спанаќ и салата од домати. Од овошје може, грејпфрут. За ручек или вечера може варено или печено месо – пилешко или риба, со зеленчук. Дозволено е и парче посно јунешко или свинско месо. Од зеленчукот и зачините може да се консумираат тиквички, рукола, пиперки, брокула, лук, босилек, куркума, рузмарин и оригано. Овошјето со низок процент на шеќер  може да се вклучи како, бобинки, некои видови јаболка. Од пијалаците дозволени се вода, чај или кафе без шеќер. Од маслата, може кокосово и маслиново, а повремено и мала количина на путер. Повремено може да се консумираат млечни производи со низок процент на масти.

Се одбегнуваат индустриски преработена храна, леб, печива, суво овошје, банани, компир, газирани и било какви купечки пијалаци како и алкохолни пијалаци.

Loading