ЗЛАТОТО НА ДЕВА МАРИЈА

Билката наречена ,,Златото на Богородица,, е лек за циркулација, за црниот дроб и подобрување на видот. Името потекнува од христијанската традиција да се китат иконите на Дева Марија со цвеќиња од невен, кои симболизираат златници.

Според легендата, за време на бегството на Јосиф и Марија во Египет, светото семејство било прогонувано од крадци. Кога разбојниците ги стигнале и им ги зеле чантите, од таму испаднале цвеќиња од невен, наместо пари. Оваа билка е моќно средство за заштита на градинарските растенија од штетници. Се користи во готвењето, природната медицина и козметологијата.

Чајот го подобрува видот. Во чајник од 0,5 литри се става лажичка зелен чај, 5 цветови од невен, 2 големи листови од коприва, 1 млад лист од артичока и 2 гранчиња нане. Се полни топла вода и се покрива со крпа 30 минути. Се пие во текот на денот. Со остатокот се мијат очите наутро. За враќање на видната острина, се земаат 3 свежи цветови на ден во период од 1 месец. За црниот дроб се потребни 5 цветови прелиени со литар врела вода. Се варат 3 минути на тивок оган и се цеди. Чајот лекува дијареја и грчеви во стомакот. Го подобрува здравјето на црниот дроб и бубрезите. Ја ублажуваат болката. Инфузиите од невен го подобруваат метаболизмот и го јакнат имунитетот. Во раната фаза на дијабетес, се нормализира нивото на шеќер во крвта, имајќи позитивен ефект врз панкреасот. Цветовите содржат каротеноиди, за намалување на ризикот од развој на катаракта.

Од невенот се плети традиционалното венче, симбол на верноста. Момите го маѓепссувале саканиот, секогаш да им биде верен.

Loading