ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (237) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Поред веселбата во дворот имаше една група од постари жени сеирџии меѓу кои и Бошеска Цветанка, прва братучеда од тетка на свекрвата Мара. Во тој момент помина поред нив Аспроски Микаел 22 годишно момче, скоро дојден од отслужување на воениот рок. Микаел е подмолско момче аманук на Бошеска Цветанка позната во Марул како Цена Бошеска. Групата жените и дофрлуват – велат на Цветанка еве го момчето од Рада твоја нека е земи. Цветанка со една мала мана во говорот тревлисува – пелтечи им возвраќа, моле кајмозиме секоја година целад да даваме, свадби да плавиме, тоа коста пали. Некни садеме тутун во Лозница ги видоме со татко му Блазе носеа невстинска касела голема натоварена на воловската кола. Помина поред нас. Јас во смеја и велам на Рада моја, каселата е голема со што ќе е полнат каселата. Рада ми возврати со невестинска руба во голема смеа.

Насобраните жени и велат на Цветанка, не ти веруваме на твојте зборови знајш како се бранеше кога побегна ќерка ти Ружа за свршеникот од Најденка Колеска. Ружа ќерка ти тоа што го стори да те устрамила со твоите деленици и нунчеви. Ах куцате едно ме устлами но си го зема облегацо. Заболавив да и рецам да си го, да си го земи. Насобраните групата жени зграчија да се смејат со затворени усти од своите раци. И со Рада така ќе направиш и возвратија одговор на Цветанка Бошеска.

Навистина прогнозата така излезе како што предвидија групата жени. Цветанка е пушти Рада на поседок кај внука е Ордена кај Петрејца Сиџимоска во с. Подмол во есента 1958 година. Цветанка дволична разлигавена во солзи и вели не дојдов да е водам него да видам каде це живее целка ми Рада ално и е.

Откако прекрши денот викано пладнина кај домаќинот Ванѓел кој седи на чело дојдоја четворицата слуги – редари Јованоски Алексо одговорен за пијалокот. Додека Јованоски Душан Лазар и Петрески Ванчо Бабјак одговорни за гостинските трпези и го обавестија домаќинот Ванѓел да ручекот е готов.

Ванѓел свекорот стана ги поздрави гостите и рече да време е за ручек, ве поканувам сите присутни гости да си земите свое место за на ручеков. Со тоа почна да се чистат трпезите од мезалокот и почна да се сервира ручекот. Младите повторно за ручекот е зафатија сеницата за ручекот. Се беше спремно, се чекат уште младоженците да наминат за да им го честитат ручекот на гостите. Во тој момент влеват младоженците Томе и Милица предводени од големиот девер Боне Дамјаноски од нунката Анѓа Танејца Танеска со ситото в раце и од Лоринка, сестра му на Томе.

Посочените лица влегоја и започна да се поздравуват од челото на машката трпеза од каде што седи свекоро со главните гости надолу поздравувањето беше рачно со секого. После поздраво гостите пушта пари во ситото према моменталната сопствена можност.

Поздраво откако заврши на машката трпеза големиот девер со неговите придружници се префрлија на женската трпеза, поздравот започна од чело од главните гости и заврши на долната страна на трпезата со пуштање пари во ситото. Исто така беше направен таков обичај под сеницата поздравување на младоженците Томе и Милица рака со рака со сите присутни на ручекот и посакување убаво расположение за ручекот. Нунката Анѓа Тонејца исто така помина со ситото и кај младежот кај сеницата. Откако се заврши со поздравите, се започна со ручекот.

Митре, синот на Ванѓел и Мара се доближа до мене и ми рече, Томе мајка ми Мара ми рече ти да дојдиш во кујната има нешто да ти кажи. Јас застрамен се тегаев за да појдам. Со Митре отидовме заедно во кујната, тетка Мара ми рече: Томе во канче има јадење од ручекот, а во торбето има леб, ти ќе му ги однесиш на дедо ти Ристе оградата ваше ќе го поздравиш од нас и ќе му речиш да руча. Поради му бил мало деверче на татко ми Анѓеле на венецот кога се венчавале за мајка Петра. Со вас не сме крвна рода, но сме светијовани, рече тетка Мара.

Ја сго зедов канчето со ручекот и торбето со лебот, тргнав нагоре по чајрот за трлото Павлеско Јоноско побрег зад трлото Павлеско Петреско над училиштето влегов во нашата ограда и дедо Ристе го најдов седеше под сенка во нашето трло.

Му го предадов поздравот од Мара и Ванѓел исто така и јадењето. Дедо го отвори канчето со јадењето, го отвори торбето со лебот и рече што му требало овие работа. За да не бидам поголем од јадењето ќе го земам да ручам. Му ги видов на дедо очите насолзени, си помислив од радост, но кога рече, ах Маро и Димитрија вас дедо ви Ѓорче ве изгледа завиткани во кожувот негов, ми текна да од јадост на дедо му солза очите.

Додека дедо Ристе ручаше, а јас чека да доруча за да ги земам канчето и торбето дедо ги спомна младоженците Томе и Милица и рече со Боне дедо је на Милица н амајка е Мурџеска сме трети братучеди по рода Шијакоски од Лопатица, прилепско. Дедо Ристе почна со ред да ги спомнува марулските војници загинати во Првата светска војна. Од шест деца врсници останавме двајца Јованоски Ристе Курела замина за Америка. Јанкоски Ристе и јас е преживеавме војната додека Дојчиноски Стојан Јолески Кормак Најдо раненик маковеци Гулабоски Огнев Трајче загина во војната.

Прв марулски војник кој загинал за времето во Првата светска војна е Атанасоски Стојчев Сребре загинат како српски војник во 1914 година при судирот на српската војска со австро – унгарската на планината Цер. Сребре бил ранет пренесен како робијаш, умрел во заробеништво во градо Добој заедно со Маркоски Петре од с. Бонче.

Во 1915 година есента при судирот на српската војска со австро – унгарската на реката Дрина кај Вишеград загинуват тројцата марулски војници Дојчиноски Каранфилов Стојан )Јолески) Кормакоски Талев најдо Маковец раненик во Марул кај Тале. Ристески Митрев Боне Мурџески внук од сестра на Грујо Шијакоски од с. Лопатица, прилепско. Подмолските браќа Нешкоски Марко и Ристе загинуват кај градот Фоча на реката Дрина во есента 1915 година.

Во 1915 година во октомври во градот Елбасан како српски војници таткото Гулабоски Стеванов Огне и неговиот син Стеваноски Огнев Трајче преморени изѕемнати бидува отепани со стапови од албанските качаце и земени му алишта униформата од нив.

Во 1916 година есента загинува во Битола Грујоски Бошев марко бугарски војник.

Во 1917 година на велигден загина на Добро поле во мариово Јованоски Ѓорчев Анѓеле Курела, бугарски војник. Четворицата марулски војници во бугарската армија ранети нафронтовите Здравески Јошев Крсте галабаро, Кормакоски Тале маковецо, Ристески Јованов Стојан и Танески Ристев Велјан пуштени на домашно лекување, сите починале, умреле во Марул додека заврши војната.

Продолжува

Loading