ВНИМАНИЕТО КОН МАРЕНА И КРУШЕВО

Трета лига – Југ

Претстои 16. рунда од Третата фудбалска лига – Југ. Вниманието е свртено кон два меча. Во Марена, домашен тим игра со Големо Коњари. Домаќинот се бори за опстанок, гостинот за врвот. Во Крушево, Питу Гули е домаќин на велешки Борец. Доколку биде сопрен лидерот на табелата, се отвора шанса за трите тима што го следат – Росоман, Големо Коњари и Превалец. Росоман игра дома со Локомотива од Градско, Превалец во Велес со Младост од Кривогаштани. Претходно Големо Коњари – Превалец 2:2, Ултрас – Росоман 0:6.

Табела: Борец 30, Росоман, Големо Коњари и Превалец 27, Питу Гули 21, Слога 19, Младост 18, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 7.

Loading