ПРИЛЕП НА ДЕРБИ ВО БИТОЛА

Ракомет

Викендов е 7. коло од плејаут-групата на Супер-лигата за мажи. Во Битола се игра дербито, Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп. Домашниот тим е втор, гостинскиот прв на табелата. Битката е за врвот, ако се земе предвид дека опстанокот е обезбеден. Претходно двата тима победија. Битолскиот состав со 26:21 беше подобар од Голден арт во Скопје, а Прилеп со 27:22 дома го совлада неготински Вардар. На овој меч најдобри стрелци беа Владан Кастратовиќ со 5, Ангелче Органџиев и Левани Имнадзе со по 4 гола.

Табела: Прилеп 18, Еурофарм Пелистер 2 – 15, Куманово 14, Мултиесенс 13, Вардар Н. 12, Голден арт 6, Скопје 3, Аеродром –4.

Во 18. коло од Супер-женската лига, Ѓорче Петров – Деспина 34:20. По две недели е дуелот дома со уште еден силен скопски тим, Чаир.

Loading