МЛАДОСТ 96 ВТОР, МЛАДОСТ ТРЕТ

Пинг-понг

Во Супер-лигата фаворитите победуваат и е сé поинтересно во битката за титулата. Лидерот Крива Паланка освои уште четири бода, а и двата прилепски тима се со истиот ефект. Екипата Младост 96 ги совлада битолската Пелагонија (4:3) и скопски Работнички (4:0), а Младост беше подобар од две скопски екипи, Работнички (4:0) и Вардар (4:0). Двата прилепски тима сега се еден до друг на табелата. Возбудувањата продолжуваат на 14 април, кога Младост 96 за противници ги има Вардар и Крива Паланка 2007, а Младост го очекуваат дуели со Крива Паланка 2007 и со Берово.

Табела: Крива Паланка 24, Младост 96 – 23, Младост 20, Телеком нец 2 – 19, Шампион ФА 18, Вардар и Пелагонија 17, Берово 16, Работни;ки и Крива Паланка 2007 – 13.

Loading