ЛЕВО СО ДЕСЕН ТРЕПКАЧ

Прилепската касарна во времето на поранешната заедничка држава, беше една од поголемите. Беа сместени најмногу тенкови во цела Македонија. Прилеп беше избран за механизирано – оклопни дејства, поради рамната котлина – Пелагонија.

И покрај тоа што Југославија беше социјалистичка земја, Тито имаше уникатен дипломатски шмект, па користеше бенефиции и од западниот и од источниот блок. Така, по народната, “кротко јагне од две овци цица”, и војската се офајдувала од дипломатските маневри на Тито.

Додека секој би очекувал тенковите од фотографијата да се од советско производство, тие се нови американски од типот М 47 Патон. Во касарната имало и постари руски Т-34, па тенкистите од цела Југославија морале да се обучуваат по двата спротивставени аршини. Не џабе се зборуваше дека ЈНА била четврта воена сила во Европа.

Подоцна, овие реликвии од Втората светска војна, се сменети со понови – руски.

Касарната сега е на АРМ.   

Loading