ТЕНЧЕЊЕ СО СОДА БИКАРБОНА

Најевтин начин на слабеењето е со сода бикарбона. Таа е добар сојузник за отстранување на акумулираната маст.

Рецепти за слабеење со сода бикарбона

1.Сода бикарбона и јаболкова киселина. Во една висока чаша се става 1 супена лажица јаболкова киселина и половина лажичка сода бикарбона. Смесата ќе запени, но не се користи додека не исчезнат меурчињата. Потоа се додава 230 мл. вода. Се меша и веднаш се пие наутро на гладно една седмица. Се прави пауза од три дена, па се повторува.

2.Сода бикарбона и лимонов сок. Ова е рецепт за алкализација. Се зема голема чаша и се става лажичка сода бикарбона.  Се додава сок од еден свеж лимон и 250 мл вода. Се пие наутро на гладен стомак. Напитокот не треба да го користат луѓе со висок крвен притисок, болести на бубрези и проблеми со желудникот.

3.Сода бикарбона и овошје. Се прави микс од избор на боровинки, јагоди, аронија, рибизла, малини. Бобинките се извор на антиоксиданси, богати се со растителни влакна. Содржат многу витамини. Потребни се 250 гр. јагоди, сок од 2 лимони, 2 чаши ладна вода, 2 лажички сода бикарбона и  неколку листови свежо нане. Се блендира додека масата не се изедначи. Се пие 3 седмици наутро на гладно.

4.Сода бикарбона и цитрус. Потребни се 2 грејпфрута, 2 портокали и  лажичка сода бикарбона. Се цеди сокот од овошјето, а потоа се додава сода бикарбоната. Добро се меша и по потреба се додава вода. Се пие една недела со три дена пауза.

Loading