КРВНИТЕ САДОВИ КАКО НОВИ ЗА 20 ДЕНА

Здравјето на крвните садови е од витално значење. Постојат природни начини да се зајакнат и да се спречат несакани исходи. За целосно чистење без оштетување на другите органи има природни рецепти.

Главно поради неправилната исхрана се оштетуваат крвните садови. Ѕидовите ја губат еластичноста и стануваат крути, а во внатрешноста се таложат слоеви од холестерол. Значително се стеснуваат и се намалува циркулацијата. Со тоа се намалува снабденоста со крв во виталните органи и нивна исхрана. Затнатите крвни садови се опасни по живот. Мозокот значилно страда, оти нема доволно кислород. Расте и крвниот притисок. Последици би можело да бидат мозочен или срцев удар, како и други сериозни болести.

Еве еден рецепт за чистење на крвните садови.

Потребни се 4 лимони со кора,1 парче корен од ѓумбир, големо колку палец од рака, 2 литри вода, 4-5 чешниња лук и 2 лажици мед. Се мијат лимоните и се преливаат со врела вода да се отстранат нечистотиите. Потоа  се сечат на парчиња и се отстрануваат семките. Ѓумбирот и лукот се чистат и се мелат во машина за мелење на месо или во блендер. Се става да зоврие 2 литри вода, па се остава да се излади до 60 степени. Се додава лукот, ѓумбирот и медот, па добро се меша. На крајот се додава лимонот. Се остава два часа да се готви на мала температура. Потоа се остава да се излади, па се блендираат состојките со рачен миксер. Се мешаат и се цеди содржината. Лекот се чува во тегла во фрижидер.

Секој ден на гладно се пие по 100 мл од течноста и исто толку и навечер. Терапијата трае три недели, по што се прави пауза од една седмица, а потоа се продолжува со консумација 4 седмици.

Ефектите се видливи за 20 дена. Да биде целосно чистењето, се продолжува со третманот

Loading