ГО РАЗБОЛУВА ТЕЛОТО „ДЕФЕКТ“ НА ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА

Тироидната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во телото. Таа го лачи хормонот тироксин, неопходен за раст и развој на човекот. Зголеменото или намаленото лачење може да предизвика големи проблеми во организмот. Неправилното функционирање е честа појава. Подолу се дадени некои од знаците дека не работи правилно.

Десет знаци за сомневање.

Брзо губење на тежината. Кога тироидната жлезда е хиперактивна, многу брзо се слабее. Без разлика колку се јаде, метаболизмот е забрзан.

Ненормално зголемување на телесната тежина. Хипотироидизам или неактивна тироидна жлезда ја зголемува надуеноста. Го успорува метаболизмот и брзо се дебелее.

Мускулната болка е чест симптом на секое хормонално нарушување.

Губење на косата. Опаѓање на косата може да биде многу депресивно, особено за жените.

Нередовна менструација. Забрзаната или забавената работа на тироидната жлезда може да го наруши менструалниот циклус. Хипотироидизмот доведува до прекумерно менструално крвавење, а хипертироидизмот помалку крвавење. Може дури и да се случи да не ви дојде менструацијата.

Проширување во пределот на вратот. Тироидната жлезда се наоѓа во вратот. Ако не функционира нормално, се чувствува оток на тој дел од телото.

Конфузија во главата. Неисправната тироидна жлезда ги попречува ментални способности. Заборавеност и чувство на збунетост за времето и местото.

Депресија. Губење на косата, зголемување на телесната тежина и хормонална нерамнотежа се причини кои можат да доведат до депресија.

Врелини и потење. Луѓето со хиперактивна тироидна не толерираат топлина. Се потат после секоја физичка активност.

Проблеми со плодноста. Забрзаната работата на тироидната жлезда, може да предизвика проблеми со плодноста.

Loading