ТЕЛО ЗА ПЛАТНО

Ткае уметничка приказна на тела со туш и игла уметникот за тетоважи кој сакаше да биде анонимен и да се препознава по псевдонимот Лев. Во времиња за нејасна духовна сфера создавањето на украсни ракотворби на телата не е само мода, туку и стил на живот. Вели дека иако уметноста е благодарна, сепак е неисплатлива. Не се предава и не крева раце Лев.

Се дефинира како слободен уметник кој никогаш не мирува. Секогаш е во потрага по нешто ново, поинакво. Блиску е  до културата, зашто “му било пишано”, судбина или ген, животот да го дели со уметноста.      Цртањето му го полни срцето. Се чувствува радосно, оти му е љубов и ќеф, а не товар. Се стреми да биде авангарден, секогаш нов, фреш и тренди.

“Што време иде, тоа се јаде”. Тинејџерите прифаќаат тетоважи сé помасовно. Го декорираат телото со слики во боја, имиња на девојки, рози, ластовички, делфини, пеперутки. Момчињата преферираат да им биде “насликан” грбот, десното рамо и раката. Со поситни шари, девојките го разубавуваат рачниот зглоб, глуждот, половината дури и задникот.

– Тетовирањето е трајно, оргинално, природно со лесен убод на стерилна игла. Со апарат се црта во разни бои. Можно е по каталог и по желба. Изборот за мотивот не е случаен. Истетовираните симболи се длабоко скриени мотиви на индивидуата. Тетоважа на рацете значи созревање. Сомничавите и женствените ги украсуваат глуждовите. Плашливите се ,,цртаат,, на скриено место, околу папокот. На гениталиите за мажите, укажува дека се пасивни, збунети, а жените воинствени и самостојни – објаснува тату мајстор.

Нема последици по здравјето ако е изведена стручно Има трајна и козметичка (привремена) тетоважа која може да се отстрани по три години.

Хит е змејот

Змејот е најбарана тетоважа. Тој е симбол на моќ. Паун е самоувереност. Срца со пламени јазици значи љубомора и посесивност. Срце со името на партнерот значи желба за трајна врска. Воинствени јунаци укажуваат на агресивни карактери.

Loading