ПЕНЗИОНЕРОТ КИРО ПЕТРЕСКИ ШЕТА НА СИТЕ ЕКСКУРЗИИ

Поранешниот занаетчија со диплома за тенекеџија е најредовниот пензионер што секогаш е на списокот за екскурзии организирани од Здружението на пензионерите. На Киро Петрески не му тежат годините, иако наскоро ќе влезе во десеттата деценија од животот. Кога е во прашање патувањето, тој, такаречи, нема пропуштено ниту една прошетка. Како што велат дека “без Камбера свадба не бидува”, така не може да се замисли екскурзија без Киро. Секаде е прв, без разлика дали станува збор за блиско или подалечно место во Македонија. Мерак му е патувањето. Го знаат сите. Сака да шета, оти се чувствува способен. Поранешниот работниот век го “држи’ на штрек”. Полн е “со кондиција и свежина” за возраста. “Полетен”, сака да се дружи со помладите пензионери, а не само со врсниците. Не ги откажува ниту забавите на пензионерите. Дури наоѓа партнерка да “заврти бало”. И надарен е за танц. Го бидувало секогаш и сега, иако е во години.

– Сакам да се дружам, да докажам дека животот не завршува со пензијата. Тоа е живот во трето доба. Шетањето ми е мелем, како да ми е во крвта. Ми го продолжува животот. Не ја сакам осаманен, оттуѓен. Сакам да се дружам. Ме почитуваат моите современици. Не се жалаат. Секогаш мора да се најде место за мене во автобусот или во комбето. Имам добра пензија за задоволување на моите потреби. Не се плачам. Ме поткрепува додатокот од пензијатаа од Германија. И таму бев лимар три години. И готвач. Им готвев на Германците македонски манџи со прилепски мерудии. Ги бендисуваа и ме бараа секаде – кажува Петрески.

Првин бил лимар  во Инзам во Југославија. Ппосле во Трудбеник во Прилеп, па во фабриката “Димче Бањарот” како мајстор за изолација на топловодни цевки. Билводач на група на градежни објекти во Ирак, Иран, во Чешка, Унгарија и уште каде не.

– Бев млад и се качував по покривите, дури европски. Не се плашев. Сега не се нафаќам да се качам и да го поправам олукот на мојата куќа. Ми е страв. Годините го прават своето. Ама затоа готвам по манастирски кујни за верски празници. Ме бараат, оти подготвувам вкусна манџа што се вели прстите да си ги излижеш – кажува Киро Петрески.

Во животот работел сé во Македонија, Југославија, а и со работата ја прошетал половина  Европа.

Loading