ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (236) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во 1897 година царска Русија отворила во Битола свое конзуларно претставништво на тогашната турска имерија на нејзина територија. Нашите марулски пазарџии на чело со Стојан Колески во 1902 година од битолскиот Пазар разбрале да рускиот конзулат дава црковно бесплатно знаме. Отишол Стојан Колески и навистина добил бесплатно црковно знаме. Конзулато делел црковни знамиња на православните цркви во нашите краеви под регистриран број на секоја црква која добила нивно знаме. Марулската црква Рождество на Богородица дотогаш немала свој црковен симбол, знаме, користела за потребите туѓо црковно знаме од соседните села од Подмол, Бонче или од Штавица.

Знамето црковно било чувано од селото како очите свој. Се распаднала турската империја на Балканот, дошла српска култура, знамето останало неѓибнато. Дошла во Првата светска војна германска воена команда за време од три години под Германците црквата била претворена во германска болница, знамето останало неоштетено.

Во 1918 година се вратила српската власт во Македонија, знамето останало преживеано.

Во 1941 година доваѓа македонска власт, комунистичка. Знамето си остана истото како црквени симбол кое се вееше на сите свадби и беше позајмувано во с. Мало Рувци за нивни потреби, за свадби. Со новите управи кои влегува во црквата после 2000 година го оставија знамето да го сосечат глувците во сосема ситни парчиња. Со тоа заврши историјата со знамето донесено, подарено од време од сто години во марулската црква.

Свадбарите стигнаа од венчавката во дворот Бабјакоски, музиката со ора и песни, невестата е водителка на орото ситно за рака. Куќата внатре средена со мезиња, салати и пијалок сите врсти од жесток до сладок. Дворот се дополнува од прилив на народ. Претежно младината, девојките облечени во новата терзиска носија, косите чкепосани или собрани во топки. Помешани со подмолските девојки. Младоста е природна убавина, мерак му е на човек да ги гледа. Ората и песните со музиката целло време беа без прекин. Во таа веселба зедоја учество и повеќе жени домаќинки во возраст од преку триесет години. Такви беа елегантни ораџици Атанасоска Танејца нунка ороводачка. Нејзините јатрви Алексојца Танеска Спасија Танеска Благојојца Лефтерија, Танеска Дончојца Калина, Танеска Јованица Ѕвезда, Котеска Тодејца Босилка, Јованоска Душаница Правда, Здравеска Атанасица Илинка, Петреска Димитрица Драгица, Петреска Крстејца Даница, Петреска Митрејца Блага, Мурџеска Атанасица Славка, Павлеска Миркојца Нада, Пупеска Ќиројца Лоринка, ќерка на Ванѓел и Мара, Зенгоска Ќиројца Весела, внука од брат на Ванѓел ид р.

Имаше доста ораџии и од младите девојчиња како Танеска Милица, Танеска Ѓурѓа, Бабјакоска Зора, Павлески Спасија, Горица, Верка, Колеска Дуна, Башеска Ратка, Јанкоска Најденка, Најдоска Илина, Дамјаноска Слободанка, Танеска Стева, Драгица, Коца Јанкоска Бојана, Крушкоска Арса и др.

Млади марулски ергени

Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Богоја Петре Најденко, Бабјакоски Раде, Јанкоски Трајче Павлески Павле, Танески Ќиро, Сребре и др. Од страна подмолски младинци присутни беа Дамјаноски Боне и Дано, Кржески Петре и Благоја, Бешлакоски Боге, Кржески Мирко Велјаноски, Кочоски Игне Сиџимоски, Тошески Борис, Митрески Боне, Москоски Благоја, Бошески Павле, Аспроски Микаел и др.

Од страна на девојчиња од Подмол

Митреска Ружа и Горица, Кочоска Даринка и Зојка Сиџимоска, Стојкоска Лефтерија Буцкоска, Кржеска Милица и др., толку запамтиме.

Доста активни на дневната веселба од постарите беа Бабјакоските комшии Мурџески Јованче педесетгодишен и неговата сопруга Мурџеска Јованчејца Коприна, четириесетипет годишна. Повеќе пати беа видувани преку денот како ороводци со крпите закачени на половината и по потреба ги вадеја од половината по потреба на орото вртеја со нив. Истото го правеше и Петре Бабјак, брат на Ванѓел.

Се слушна меѓу народот откако ќе го доигра невестата орото ќе влезат дома, ќе имат меѓусебно дарување од страна на домаќините со невестата со законџите и обратно. Свекрвата Мара седната на стол во гостинската соба и чека да биди дарувана од невестата. Но за изненадување пред сите присутни под столицата на свекрвата вирче влажно како да таа извршила мала нужда, голема смеја во шала. Самиот свекор Ванѓел во смеа рече такви работи се извршува од страв, срам и од алкохол. Јас е опоменав моја Мара, ама ете сирота не издржа, рече во смеа Ванѓел.

Гости односно свадбари присутни премногу дома за сите нема место, накнадно беше спремена сеницата во близината до куќата, поставени трпези,сервирани салати за мезење со разни жешк ии свежи пијалоци. Додека се правеше веселбата со дарувањето на невестата и обратно, мајтапџиите дома си има своја програма, скеч. Собрани повеќемина циркузанти Бабјаците Кристо, Димитрија Јанкоски Китан, Павлески Јованче и Игне, Танески Алексо, Јован, Дончо сите ближна рода на Бабјаковци по свекоро и свекрвата.

Налутени комичарите на свекорот Ванѓел како да се договорил тајно со куварката Менка ручек за да нема гостите гладни да си одат неручани, фатија зад вратата на гостинската соба го дупна тавано е врза ортомата преку гредата и свекоро Ванѓел го обесија. Спас за него беше невестата да го одврзи од ортомата да ги донеси во сито сите собрани пари од преку денот.

Нивната желба е исполнета. Нунката Танејца Анѓа, големиот девер Боне, невестата Томејца Милица и зето од Лоринка Ванѓелова Киро парите ги донесоја пред зулумчарите во едно сито за брашно сеење. Со броењето на парите еден динар имаше повеќе од поставеното барање. Динарот створе проблем. Некој рекоја динарот да го земиме и да го замешаме со другите пари да ни остани во нашата сума пари. Танеските аџи Алексо, Дончо и Јован ја прифатија таа идеа поради се потомци на предци од Аџиине сака туѓо незаслужено неќат. На тоа Кристо Бабјак одговори лесна е работа отиде надвор се врати со една секира и еден дрвен ќутук за да го подели динарот на брачниот пар по половина.

На таа негова идеја подобро да биди минарот цел него да биди поделен. Нивната замисла не се оствари, пропадна, невестата го ослободи свекорот од бесилката парите на невестата и ги вратија, свекорот Ванѓел си седна на неговото место на масата крена чашата со ракијата наздрави со сите присутни и се заблагодари со весел благослов дека го ослободија од бесилката. Во чест за спасението на Ванѓел свирачите му отсвирија едно тешко за рамо оро кад ебеа фатени Ванѓел, Мара, Јованче Мурџески со неговата жена Коприна таки Аце Бабјак, Колески Стојко, Јованче и Анѓа Павлески нункото и Анѓа Танески. Орото беше во внимание изведено од искусни ороводци Ванѓел ороводи брат му Пецо го држа со крпите вртејќи цело време каде се криклучија и повеќе млади луѓе.

Продолжува    

Loading