ВО КИНОТО МИС СТОН  ФИЛМОТ „НЕДЕЛА“

Филмот “Недела” што го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски, ќе се прикажува на 25 март во киното Мис Стон од 19.30 часот. Инспириран од вистински настани, се раскажува животната приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го минал на улица и во поправен дом, Џеј успеал да заземе место на музичката сцена и преку богатиот репертоар на песни да стане дел од животот на многумина.

Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ. Играат Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ,…     

Влезниците ќе се продаваат денска и на 25 март – понеделник од 10 до 13 часот на билетарницата од киното и еден час пред проекцијата.

Loading