ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „РУТА НА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Институтот за старословенска култура

Институтот за старословенска кулрура – Прилеп ќе биде дел од културната иницијатива на Советот на Европа. “Рута на Свети Кирил и Методиј”. Заедно со Институтот за македонска литература ќе се обидат преку презентација на споменици, на цркви, живописи на просветителите, онаму каде што дејствувале, да бидат претставени светите Кирил и Методиј. Рутата ќе се реализира во струшко, охридско, по патот Виа Игнација, сé до Грција. 

-Рутата значи промоција на културното наследство. Средновековно и доцно античко, индиректно или директно е поврзано со делото на Светите Кирил и Методиј или нивните ученици. Промоцијата е во насока на развој на културниот туризам, збогатување на културната понуда и привлекување туристи во земјата –  велат од Институот за старословенска култура.

Преку културната иницијатива ќе се продлабочи соработката на сродните културни и научни институции низ Европа.

Loading