СЛИКИТЕ ОД АЛИ ФЕТИ ОКЈАР ВО БОГДАНЦИ

Изложба

Изложбата “Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк” од Заводот и музеј Прилеп е отворена во Богданци заради големиот интерес, Ова е четврта локација во земјава, преку која со текст и 150 хронолошки подредени фотографии, се “зборува” за прилипчанецот Али Фети Окјар, стреловитата мисла, човекот на големите денови, воено лице, политичар и дипломат на Османска, како и на Република Турција, чија биографија фасцинира, како и за неговата соработка и интелектуалното братство со “големиот” Мустафа Кемаал Ататурк, таткото на современа Турција. Изложбата лани беше првин отворена во Прилеп за 80 години од смртта на Али Фети Окјар, и 85 години од смртта на Ататурк, “таткото на модерна Турција”, и 100 години од прогласувањето на Република Турција.

Автор на изложбата е советникот историчар Рубинчо Белчески, Според него, презентацијата предизвикала интерес во јавноста која сака да дознае за прилепчанецот, Али Фети Окјар од братска Турција. Потсетувањето за неговите политички дострели може да поттикне економска, културна, научна, туристичка и други соработка и пријателство со Турција.

Loading