ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (230) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Трипун Палашоски од с. Клепач, 1882г., растен кај Велковци во с. Чумово почина во Прилеп во 1967 година. Трипун порастил здраво и бистро момче, оженет за Танеска Топчиоска Јана од с. Бонче. Јана и Трипун во бракот имаа четири деца, Ордан, Васка, Јованка и Сотир. Ордан е женет за Чакмакоска Трајана од с. Мало Рувци. Васка е мажена за Славе Бошески, писокалецот од с. Чумово. Јованка е мажена за Цветан Мустрески од с. Чумово. Сотир е женет за Мишеска од с. Штавица. Сите имат потомство.

Трипун во младите години е оставил фамилијата кај Велковци во Чумово и отишол на печалба во Америка, работел во железарата за топење во градот Чикаго. Запечалил повеќе пари, се вратил кај фамилијата во Чумово, со парите купил чифлиг, земја, нивје. Направил двоспратна голема куќа, исто така во Чумово. Постанал во тоа време богат домаќин.

Откако полјакот Катил Шериф бил убиен во местото Честок во чумоечкото во конфликт со манастирските овци од прилепскиот манастир. Екзекутор над полјакот бил Спасе лопатички, дограмаџијата кој го чекал полјакот Шериф во заседа. После убиството на полјакот Шериф, четите на Шаќир, Ацев Петре и Толе Паша заминале преку Волкојца за кокречко и Мариово без жртви.

Турските аги од Мало Руфци го виделе да коњот некако уплашен си дошол дома на Кула во дворот, а слушнале пукање во чумоечкото, му станало сумнително во работата и одредени луѓе од агите отишле во касарните во Прилеп. Аскерот од Прилеп за кратко време дошол во местото Честак, го нашле убиениот Катил Шериф. Го сардисале селото, прв на мета за освета бил селскиот кмет Аџиоски Спасе. Втор убиен бил Аџијоски Божин, одејќи си од Прилепец селото сардисано аскерот го оклеветил како комитски кодош и го отепале.

Многумина од чумовчани биле фатени и обесени со главите надолу, натурени со матеница за да касат инсектите. Обесени биле подсело на Чајрот на Крушите.

Исто така, имало силовање над женскиот пол, од такво силеџиско силовање од страна на аскерот и башибузукот една жена домаќинка со четири деца била силована и останала во друго положение. Со одобрение од нејзиниот брачен пар, детето било доносено, родено женско здраво дете, крстено со македонско христијанско име Т-с-а. Девојчето порастило до осумнаесет години, умрело на осумнаесет години во Првата светска војна од голема сипаница.

Турскиот аскер и башибузук поред убиства и силовања, запалиле и повеќе куќи во Чумово.

Куќите од Алавантиовци, Апостоловци, Бешмадевци, од Минески Димко Мерако и од Џинговци биле запалени, оштетени. Ова штета од аскеро и башибузукот била направена против Чумово поради полјакот Шериф бил русечки, чумоечки и сарандиноски полски чувар, чумовчани не го заштитиле при нападот во честак и е убиен.

Од ваквата постапка на турската власт пред се на аскерот и башибузукот повеќе куќи од Чумовчани го напуштија селото. Алавантиовци, Бешмадевци, Димко Минески Мерако и дел од Џинговци се иселија во Прилеп. Дел од Мустревци се преселија во Мало Рувци познати како Јоновци. Повеќемина чумовчани заминаа за Америка и тоа Апостолоски Анѓеле и Блаже, Бапкоски Петре, Бошески Митре, Мустрески Коце, Талески Никола, меѓу нив и Делоски Наум од с. Прилепец. А од порано појден и Трипун Велкоски. Сите овие овде печалбари се ватиле за време на балканските војни за оснивање на македонска држава, но нажалост заглавиле во бугарската и српската војска каде завршиле со животите непризнато. Браќата Анѓеле и Веле работеле во комитетите како позадинци, поготово Анѓеле бил внимателно важна личност во организацијата.

Жената на Анѓеле Бешмадески Бисера и жената на Бапкоски Крсте Митра биле втори братучетки од потомствата Гулабоски од с. Марул, деца од дава први братучеди. Од Николе и Новаче Гулабоски од Марул. Бисера била од Николица Дуна Штркоска од с. Ношпал.

Гулабоски Ристев Николе 1832 – 1912

Гулабоски Трајчев Новаче 1842 – 1905.

По грабнувањето на Неда Маркоска од Кладенецот Долник од страна на бонечкиот бег Чочано  и однесена во неговата кула, ги вознемирило бончани. Се собрале бончани позади беговата кула во голема тајност поради влезната врата била обезбедена со чувар, стражар. Храбриот бончанец Трајко Танески Топчија и останатите присутни направиле кула еден на друг. Трајко стигнал до прозоро, го видел бего поред Неда, таа плачи.

Трајко добар нишанџија и стрелец тргнал со пушката берданка и Чочанот бегот го погодил в чело и паднал убиен. Стражарот поставен на Кулата кога го слушнал пукањето од изненада, стражарот се уплашил, е напуштил кулата и отишол во с. Подмол кај уќуматот. Јавил до куметите е нападната Кулата на бего Чочано во с. Бонче, а не знае дали бегот е жив или отепан. А додека Трајковите соучесници при убиството на бегот Чочано го пофалиле Трајко за неговота прецизно нишанење и убиството на бегот, му рекле, браво бе Трајко гаѓаш прецизно како од топ. Од тој настан Таневци го добиле прекарот Трајко Топчија и ден денес потомствата негови го носат прекарот Топчија или Топчиовци. Во тие моменти напаѓачите на кулата од бегот Чочано ја извадиле Неда, и ја однеле дома кај Марковци. Преку денот дошол аскерот од Прилеп и го сардисал с. Бонче. Убијците на бегот Чочано се сокриле и се потврдило како кумитите да го убиле бегот Чочано и заминале во непознат правец.

По наредба на воените лица свирната воената труба буријата за зборно место за аскерот одредено било долу под село кај кладенецот Долник од каде е грабната Неда Маркоска. По бројот на аскерот, два војници фалат.

Тие двата војници кои недостасуваат во бројот на аскерот, доброволно заскитале по реката кај перачките. Почнале недолично да се однесуваат према нив и прашувале за комити. Жените перачки им одговориле, овде комити нема. Ако барате комити, одете барајте ги, в планина. Најотпорна била Елена Јованоска Куклароска, родена Карадакоска, бончанка. Аскерите подналутени на жените перачки во реката. Во тоа време од орање си идел Јанески Тане. Аскерите го застанале Јане и почнале да го тевтишат и тепаат како да откриле непријател комита.

Тане спискал, викал за помош поради со здравјето не бил најдобар. Гласот на Тане го слушнал неговиот брат Марко да брат му Тане бара помош, а дома Марко сечел некое месо. Марко излегол и со саторот в раце бестрашен Марко виде големо чудо, аскерите го тепаат брат му Тане. Истрчал Марко, се нафрлил на аскерите, се фатиле рака со рака да се борат. Дошле и жените перачки на помош и со пиралките почнале да маваат на двата аскери. Едниот го собориле и го турнале во бучалото во реката. Додека на другиот му се скршил кундакот од пушката, ја напуштил борбата со бегање, отишол подсело кај аскерот и јавил да во селото има комити и го отепале неговиот другар.          

Продолжува     

Loading