ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (239) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Исто така дедо кажуваше за Јованоски Анѓеле во изгледо, поносот бил сличен како Илија кадијата. Често пати од Ушите му течела жолтеникава густа течност. Со брат му Ристе правеле фител од платно натопено во овчки лој или восок, земале овчки лој, ќе го стопеле лојот во некое помало кофе или котле и ќе пуштиме една платнена крпа, ќе го извариме лојот со крпата. Потоа крпата е завиткуваме на едно вретено и чекаме крпата да се здрви.

Откако ќе се здрви, го вадиме од вретеното, земаме една чиста крпа, правиме во нејзе еден отвор, го поставуваме над увото како заштита на Ванѓела отворот, го спуштаме фитилот со едниот крај во увото. Горниот крај од фитилот го запалуваме, фителот почнува да гори. Со самото горење фителот надолу се смалува. Кога фителот со самото согорување наближува до над увото се вади фителот од увото се што е непотребно во увото топлиот воздух го извлекува, се непотребно кое се навата во ушите.

Со братот на Анѓеле Ристе често пати му правеме фитли, се осеќаше добро и ни велеше бесплатни ора ќе ви свирам. Бевме комшии, добри другари и бевме заеднички момци кај бегот Тефик Утоски во Марул. Анѓеле беше прочуен гајдаџија. Петра Танеска заради неговата надареност према музиката го зеде, рече дедо Ристе.

Додека дедо Ристе ручаше во разговорот ги спомна Колеските иселени браќа во Прилеп, Коле и Ризо. Јас заминав во есента 1913 година српски војник во Ниш додека се вратив дома во октомври во 1915 година. Браќата Коле и Ризо се делиле од браќата Боше и Трајан се иселиле во Прилеп. Иселениве браќа во Прилеп си има свои фамилии. Колевата брачна другарка, не ни е познат ниту нејзиното име, ниту нејзиното родно место. Познати ни се Колевите деца по нивните имиња и нивниот редослед, 1.Василе, 2.Боге, 3.Борка, 4.Драгица, 5.Мара.

Ризо го имаше само синот Методија. Војната заврши, тие не се вратија во Марул, се изгубиме и се заборавиме.

Павлеските иселеници истото го направија како и Колеските иселеници. Тасејца Павлеска со децата се исели во Прилеп која имаше четири ќерки и еден син Тале. Повеќе не се вратија во Марул. Контактот и со нив се изгуби, се заборавиме.

Стојановите деца Петко, Илија, Боне, Стојна и Ристана не се вратија во Марул. За време војната се иселиле во Прилеп. Петко се ожени со Мурџеска Менка, е зеде бегалка. Стојна се омажи за Мице Ќирбин од с. Лопатица, прилепско. Ќе напомниме на Петко неевстата Менка му е извадоја и е премажија за Ѓорѓија Томески во с. Тополчани. Ристана се омажи во с. Славеј за Мирче додека Боне и Илија се оженија во Прилеп. И со нив го изгубиме контактот, се заборавиме заскогаш.

Откако дедо заврши со ручекот извади од ќесето негово една книжна црвена банкнота од дваесет динари и ми рече, ови пари ќе му ги дадеш на Мара или на Ванѓел или пак на младоженците и од голем поздрав да му носиш. Празното канче и торбето ги зедов и ги однесов и ги предадов на тетка Мара сосе торбето празно и парите вон его. И реков на тетка Мара имате голем поздрав од дедо Ристе.

Верувате откако го зеде го отвори канчето и торбето, ги зеде парите, ги бакна, пољуби и ми рече, Томе ми донесе најголем поздрав од стрико Ристе и ќе му кажам на децата од кого се парите, ми рече тетка Мара. Ручекот беше завршен кај Ванѓеловци. Веселбата со музиката и свадбарите се одвива во дворот Ванѓелоски.

Прв учесник на свадбата, веселбата кај Бабјаковци кој е напушти беше тапанџијата ортакот на свирачите од Ношпал Гоце и Мише е Грујоски Благоја од Ношпал си замина поради вечерта ќе оди зет ќе се жени за Пејкоска Милева од с. Бонче.

Занаетот за нов тапанџија го презеде осумнаесет годишниот Петрески Ванѓелов Раде Бабјак, третото машко дете на домаќинот Ванѓел и мајка му Мара. Раде надрен музикант. Пеач, ороводец, свирач и тапанџија, се докажа во идното време.

Времето одминуваше, соборот на свадбата се намалуваше, дворот се испразнуваше. Спомените запишани вечно остануваат. Од голема свадбена веселба кај Бабјаковци во Марул вечерта продолжи весела свадба кај Грујовци во с. Ношпал.

Учителот Спасе Трајчески

Спасе Трајчески Подинецот беше учител во Марул со закаснување скоро од месец дена од 1 октомври 1957 до завршувањето на учебната година во месец јуни 1958 година. Учителот Спасе роден во с. Подина, тополечка општина, дете на свештеникот Толе Подинецо. Спасе по каарктер беше мирен човек, селско дете.

Правеше друштво, контакт со сите млади во селото Марул, не се воздигнуваше како образуван човек. По неговиот нарав, карактер го влечеше него селскиот живот. Сигурно поради одрастен во село. Но завршил средно образование за учител. Учителот Спасе во Марул се стекна и со љубовна врска со девојчето Павлеска Горица Јоноска. Учителот Спасе во слободното време често пати одеше во друштво со овчарчињата од неговата генерација како Павлески Павле, Ристески Најденко, Јанкоски Трајче, Јолески Љубе и др. Исто така не заборавате за средба со домашарските млади момчиња. Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Богоја и Петре со Томе Бабјак, Танески Киро, Сребре и др.

Тоа негово движење со младината во Марул ствараше недоверба кај надлежните органи, институции кај државните служби за безбедност па затова сиот омладински кадар во Марул беше повикуван на сослушување од државната служба за безбедност.

Тоа нешто кај властите беше како вознемируваност поради татко му на учителот Спасе, татко му Толе беше свештено религиозно лице. А Спасе да не организира некоја религиозна секта против државното уредување за сумната од страна на државна власт за безбедност никого од марулската младина не обвинија некого.

Сумливањето остана во мир, ништо не се од некое политичко деловање во с. Марул. Со заминувањето на учителот Трајчески Спасе од с. Марул за време учебната 1958 остави спомен сликан Спасе во кругот со родителите при распуштањето на школската година во 1958.

Да се повратиме малце назад во 1957 година.

Анѓелески Стојков Илија кадијата на денот Духовден му го отстапи местото за нов притруп во црквата на дваесетгодишниот Јовчески В. Трајко.

Беше некаде пролетта во месецот јуни 1957 општинскиот порезник на општината Тополчани името Крсте Југо од с. Лознани една вечер доваѓа во Марул, одржува вечерно собрание по повод тие домаќинства кој не му е доплатен порезот или пак има недоплатено порез наредниот ден да им направи пописи да им се конфискува куќен капитал во иста вредност колку паричната сума во висина на неплатениот општински порез.

Ноќевањето на службеното лице по негова желба било одредено кај селскиот одборник Ристески Димко Танески. Наредниот ден утрото после доручекот ги отворил пореските документи во кој забележал да лицето Ристески Димко затаил, неплатил општински порез. За таа неплатена сума пари, порезникот Крсте му направил попис на Димко, јамболијата со која спиел ноќта и  една крава.

Продолжува

Loading