БАЛКАНОТ СЕ СОБИРА ВО ПРИЛЕП

Пинг-понг

Викендов, в сабота и в недела, претстои третото издание на Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре”, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Во салата од ОУ “Добре Јованоски” се очекува учество на близу 200 учесници од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија. Натпреварите се во повеќе возрасни категории: сениорска, младинска, кадетска и ветеранска. За најдобрите обезбедени се медали, пехари и парични награди.

Организатор е клубот Младост 96.

Loading