ПЛЕЈОФОТ ГО ДОНЕСЕ ПРВАКОТ

Општинска лига

На Градскиот стадион “Гоце Делчев” се играа три интересни меча од плејофот за добивање првак на ОФС Прилеп. Прво беа двата полуфинални. На првиот се случи изненадување, Влазними јуниор (Пресил) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 0:2. Првакот од А-групата, најголемиот фаворит со оглед на најдобриот биланс од 12 победи, 1 реми и 1 пораз, загуби од второпласираниот тим од Б-групата. На второто полуфинале, првакот од Б-групата, Кадица (Забрчани) со 3:1 го совлада вториот од А-групата, Стрела (Ерековци). На финалето во средата, Кадица – Црвена ѕвезда (1:1) 3:5 на пенали.

Победникот стекна право да учествува во Третата лига – Југ.

Loading