ПОЛУФИНАЛЕ: МЛАДОСТ 96 – МЛАДОСТ

Пинг-понг

Одиграни се последните четири кола во основниот дел од Супер-лигата. Младост 96 двапати победи (4:3 со Берово и 4:3 со Шампион ФА од Штип), двапати загуби (2:4 од Младост, 3:4 од Крива Паланка). Вториот прилепски претставник, Младост, трипати победи (4:2 со Младост 96, 4:2 со Шампион ФА, 4:3 со Телеком нец 2), еднаш загуби (4:1 од Крива Паланка). Според редоследот на табелата, Крива Паланка 36, Младост 96 33, Младост 31, Телеком нец 2 30, во полуфиналето од плејофот се среќаваат: Крива Паланка – Телеком нец 2 (Скопје), Младост 96 – Младост.

Полуфиналето е до две победи. Првите мечеви се в недела (11 ч.), реваншите на 25 мај, а евентуалните трети мечеви на 26 мај.

Loading