ПАУЗА

Ракомет

Викендов е пауза во ракометните лиги. Во Супер-лигата за мажи и претходно беше паузата поради настапот на репрезентацијата во бараж-дуелите со Фарските Острови (имаме пласман на Светското првенство), а викендов се полуфиналните и финалните куп-натпревари, Така, во плејаутот од Супер-лигата, екипата Прилеп следниот дуел го има на 26 мај кај Вардар во Неготино, а последниот на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2. Борбата е за врвот од табелата, бидејќи опстанокот е обезбеден.

Поради куп-натпреварите има пауза и во Супер-женската лига. Екипата Деспина, по двете победи (дома со 33:20 против скопски Шампион и на гости со 31:21 против Астибо во Штип), следниот дуел го има на 26 мај, дома, со скопски Вардар.

Loading