ПОСЛЕДНО КОЛО

Трета лига – Југ

В недела (16 ч.) е последното, 22. коло, од Третата фудбалска лига – Југ. Бидејќи првакот и учесникот во баражот за Втора лига одамна е познат (велешки Борец), борбата е за што подобар пласман на екипите од долниот дел на табелата. Еве го распоредот: Марена – Ултрас, Борец – Локомотива, Младост – Бучин, Големо Коњари – Слога, Превалец – Росоман. Претходно, во претпоследното коло, Ултрас со 1:3 дома загуби од Борец, Слога со 5:3 го совлада Превалец, а Бучин – Големо Коњари 4:3.

Табела: Борец 48, Росоман 40, Превалец 39, Големо Коњари 34, Питу Гули 30, Слога 28, Младост 25, Ултрас 17, Бучин 13, Марена 12, Локомотива 10.

Loading