„ГРАНАП“

Во македонските дијалекти, посебно во скопскиот, често место  зазема зборот продавница или бакалница. Го слушаме и зборот гранап. Ретко кој знае дека гранап, не е производ на скопските “копирачи на српски зборови”, туку е кратенка од Градско набавно претпријатие. Слично како НА-МА, народен магацин.

Во Прилеп, во 1952 година, со новиот полиберален закон за слободно делување на економските субјекти, е пуштен во употреба еден од првите ГРАНАП-и. Основна функција на ГРАНАП-от била услужно – трговската, односно продавница за стоки за секојдневна употреба, најчесто прехранбени намирници. Зборот во Прилеп, “не фатил корен”, па бакалница, продавница, дуќан се користеле и уште се користат во прилепскиот муабет.

ГРАНАП-от од разни политички и социјални причини не опстанал долго со таква функција, па се расформирал на повеќе претпријатија од разни бранши, за исхрана, за мебел, за технички материјали. Еве еден пример каде скопјаните се во право кога го користат овој архаичен израз.

Loading