ВЕЛЕМАЈСТОРИ ВО ПРИЛЕП

Шах: Второ издание на “МАТ”

В недела во СОУ “Орде Чопела” е второто издание на брзопотезниот турнир “МАТ”, посветен на прилепски шаховски легенди: Митре Џајковски, Александар Тодороски, Тане Дулев, Миле Богески и Ордан Ѓорѓимајкоски. Пријавени се над 200 шахисти. Покрај од Македонија, има гости од Бугарија, Грција и Србија. Засега, со највисок рејтинг од Македонците е ИМ Филип Панчевски (2423 поени), од српските претставници е ИМ Милош Станковиќ (2423), од бугарските Љубомир Данов (2378), а од грчките Григориос Вардакас (2019). Меѓу пријавените има и прилепски шахисти, како ВМ Звонко Станојоски (2333), ФМ Роберт Велески (2126), Дејан Ѓорѓиески (2073), Горан Готовуша (2009). Велемајстори се уште нашиот Драгољуб Јаќимовиќ (2355) и Бугаринот Петар Дренчев (2338).

Турнирот е рејтингуван по ФИДЕ, а организатор е ШК Прилеп.

Loading