ПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА МЕЃУ МИЛЕНИЦИТЕ

Старите рекле, какво време иди, тоа се јади! Ако некогаш еуфоријата ја правеше купувањето и испраќањето на новогодишни честитки, сега неизоставен дел од празничната магија е фотосесијата. Во студиата со новогодишен амбиент, се фотографираат дечињата, вљубените двојки, па и цели семејства кои најчесто се и складно облечени. Треската ги зафати и сопствениците на милениците кои сакаат да се сликаат со нив крај елката и декорацијата која ја најавува новата година. И Ахил гордо позира. Самоуверен, плени со убавината. Има неколку причини за славење и гордост. Првиот роденден и неколкуте награди  меѓу кои и неодамнешните ловорики кои ги освои како јуниор на натпреварот во Приштина, Косово. Триумфираше и на меѓународната изложба во август во Гостивар.

Инаку, Ахил е од расата Средно Азиски овчар и неговото легло е од Петра Велика, а во Прилеп е поради љубовта со Стела.

Loading