ХРАНА СПОРЕД ВОЗРАСТА

Од 20 до 30 години

Коските кај мажите растат до 25 години, а кај жените до 22. Се препорачува јадење на млечни производи заради калциумот. Препорачливо е избегнување на алкохол, затоа што тој влијае врз квалитетот на кожата, косата и ноктите. Најважно е избегнувањето на драстичните диети. Наместо  да се создаде навика за здрава и балансирана исхрана.

Од 30 до 40 години

Луѓето чувствуваат поголем замор и недостиг од енергија. Наместо кафе, треба да јадат сушено овошје. Важен е и зголемениот внес на свежо овошје (јаболка). Против дебелеењето, се препорачува избегнување на шеќери и нездравите масти.

Од 40 до 60 години

Во овој период можна е појавата на анемија. Затоа се препорачуваат јадења со црвено месо. Тие содржат повеќе железо. За балансирање, добра е сојата. За зачувување на квалитетот на кожата, се препорачува да се јаде повеќе зеленчук и овошје. Поради забавувањето на метаболизмот  треба да се избегнат слатките, затоа што шеќерот брзо се претвора во мрсен талог што тешко согорува.

Над 60 години

За превентива од падот на имунитетот, се препорачува зголемена консумација на вода, особено незасладен чај. Потребно е да се внесува многу овошје и зеленчук. Целосно да се избегнуваат сувомеснатите производи.

Loading