„КИНЕ“ КИЛОГРАМИ

Нема волшебно стапче за ослободување од вишокот на килограми. Но, со повеќе движење и здрава исхрана, може брзо да се редуцира тежината. Слабеењето се забрзува со природни состојки од кујната. Најдобриот рецепт да се загуби по 1 сантиметар сало од стомакот дневно е напитокот и со други дејства.

Помага во отстранувањето на вишокот вода од телото, ја подобрува функцијата на мозокот, меморијата, слухот и видот.

Потребни се 125 гр. рен, 4 лимони, 2 см свеж ѓумбиров корен, 3 лажици мед и 2 лажици цимет. Се чисти ренот и ѓумбирот, се лупат и се ставаат  во блендер. Се додава лимонот со кора, исечен и со отстранети семки. Се додава циметот и медот. Се мешаат и се ставаат во тегла да се чуваат во фрижидер.

Се пие една лажица наутро на празен стомак и пред спиење. После се пие чаша топла вода. За супер ефект се користи 3 недели.        

Исхраната богата со рен е корисна за дијабетичарите, но и за оние кои се постојано уморни или имаат побавен метаболизам. Коренот се користат како зачин за разни јадења, особено за месо. Листовите се богати со витамин Ц, каротин и хлорофил. Содржат калиум, фосфор, хлор, сулфур и витамин Б. Ренот го чисти целото тело и го забрзува метаболизмот. Ги штити црниот дроб, желудникот, тенкото и дебелото црево од малигни болести. Во народната медицина се препорачува како лек за кашлица, синуси, бронхитис, астма и ревматизам. Го јакне имунитетот и штити од настинки. Добар е против затнувати крвни садови и го подобрува варењето. Помага за исфрлање на бубрежни камења.

Се зема  како чај, сируп, вино, тинктура или во ферментирана форма. Треба да се внимава да не се зема премногу, оти може да предизвика дијареа и повраќање.

Ѓумбирот зазема посебно место поради специфичната арома и остриот, и лут вкус што го одделува од другите зачини, но и поради неговите лековити својства. Се користи како зачин и лек, оти содржи хранливи материи, главно витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум. Свежиот го турка високиот холестерол и ја намалува надуеноста на стомакот. Ја обновува цревната флора и има лаксативно дејство. Тешките главоболки и мигрена се ублажуваат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир. Во форма на прав ги ублажува болките во стомакот, болните симптоми на артритис, грип или настинка. Го забавува растот на канцерогените тумори. Одличен е за ублажување на ефектите од хемотерапијата. Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и ја спречува коагулацијата на крвта. Ги релаксира уморните мускули по исцрпна физичка активност. Се консумира дневно не повеќе од 4 гр.         

Loading