ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (240) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Верувате откако го зеде го отвори канчето и торбето, ги зеде парите, ги бакна, пољуби и ми рече, Томе ми донесе најголем поздрав од стрико Ристе и ќе му кажам на децата од кого се парите, ми рече тетка Мара. Ручекот беше завршен кај Ванѓеловци. Веселбата со музиката и свадбарите се одвива во дворот Ванѓелоски.

Прв учесник на свадбата, веселбата кај Бабјаковци кој е напушти беше тапанџијата ортакот на свирачите од Ношпал Гоце и Мише е Грујоски Благоја од Ношпал си замина поради вечерта ќе оди зет ќе се жени за Пејкоска Милева од с. Бонче.

Занаетот за нов тапанџија го презеде осумнаесет годишниот Петрески Ванѓелов Раде Бабјак, третото машко дете на домаќинот Ванѓел и мајка му Мара. Раде надрен музикант. Пеач, ороводец, свирач и тапанџија, се докажа во идното време.

Времето одминуваше, соборот на свадбата се намалуваше, дворот се испразнуваше. Спомените запишани вечно остануваат. Од голема свадбена веселба кај Бабјаковци во Марул вечерта продолжи весела свадба кај Грујовци во с. Ношпал.

Учителот Спасе Трајчески

Спасе Трајчески Подинецот беше учител во Марул со закаснување скоро од месец дена од 1 октомври 1957 до завршувањето на учебната година во месец јуни 1958 година. Учителот Спасе роден во с. Подина, тополечка општина, дете на свештеникот Толе Подинецо. Спасе по каарктер беше мирен човек, селско дете.

Правеше друштво, контакт со сите млади во селото Марул, не се воздигнуваше како образуван човек. По неговиот нарав, карактер го влечеше него селскиот живот. Сигурно поради одрастен во село. Но завршил средно образование за учител. Учителот Спасе во Марул се стекна и со љубовна врска со девојчето Павлеска Горица Јоноска. Учителот Спасе во слободното време често пати одеше во друштво со овчарчињата од неговата генерација како Павлески Павле, Ристески Најденко, Јанкоски Трајче, Јолески Љубе и др. Исто така не заборавате за средба со домашарските млади момчиња. Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Богоја и Петре со Томе Бабјак, Танески Киро, Сребре и др.

Тоа негово движење со младината во Марул ствараше недоверба кај надлежните органи, институции кај државните служби за безбедност па затова сиот омладински кадар во Марул беше повикуван на сослушување од државната служба за безбедност.

Тоа нешто кај властите беше како вознемируваност поради татко му на учителот Спасе, татко му Толе беше свештено религиозно лице. А Спасе да не организира некоја религиозна секта против државното уредување за сумната од страна на државна власт за безбедност никого од марулската младина не обвинија некого.

Сумливањето остана во мир, ништо не се од некое политичко деловање во с. Марул. Со заминувањето на учителот Трајчески Спасе од с. Марул за време учебната 1958 остави спомен сликан Спасе во кругот со родителите при распуштањето на школската година во 1958.

Да се повратиме малце назад во 1957 година.

Анѓелески Стојков Илија кадијата на денот Духовден му го отстапи местото за нов притруп во црквата на дваесетгодишниот Јовчески В. Трајко.

Беше некаде пролетта во месецот јуни 1957 општинскиот порезник на општината Тополчани името Крсте Југо од с. Лознани една вечер доваѓа во Марул, одржува вечерно собрание по повод тие домаќинства кој не му е доплатен порезот или пак има недоплатено порез наредниот ден да им направи пописи да им се конфискува куќен капитал во иста вредност колку паричната сума во висина на неплатениот општински порез.

Ноќевањето на службеното лице по негова желба било одредено кај селскиот одборник Ристески Димко Танески. Наредниот ден утрото после доручекот ги отворил пореските документи во кој забележал да лицето Ристески Димко затаил, неплатил општински порез. За таа неплатена сума пари, порезникот Крсте му направил попис на Димко, јамболијата со која спиел ноќта и  една крава.

За оваа нелогична работа Димко се сналутил на порезникот дека му прави попис за јамболијата со која се покриваше преку ноќта и  како гостин вечера си доби бесплатно џабе. Го опсул порезникот, го зема Димко кросното од разбојот и почнува да го тепа порезникот Димко замавни на нозете, порезникот подскокни. Димко замавни, порезникот подскокни и го притегнал за порезникот да му го плати ноќевањето на Димко. Некако порезникот се одчепил, го вјавнал велосипедот и си заминал. Димко од страна на порезникот бил пријавен кај надлежните власти како се однесувал према државните службени лица.

Надлежните политички лица е презеле својата одговорност, биле повикани посочените лица н аразговор. Танески Димко бил водач на Втората македонска народноослободителна бригада од Марул за напад на бригадата на мостот на Црна Река кај Тополчани преку Шелеверци и извршениот напад на германските позиции кај чешмата под село Алинци и бригадата од 500 војници вратена во базата кај црквата без ниту еден или повреден или загинат војник партизан.

После сослушувањето, судството нашло оправдување да ракијата која е пиел порезникот била произведена од ржанова комина од жито рж која која мозочните клетки моментално ги оштетувала. Се направи мир со рачен поздрав помеѓу марулскиот одборник и порезникот на тополечката општина. Додека Димко често печел ракија од рж. Тука доваѓа волко сит и овците на број. Така велеа постарите од нас.

Димко ќе се поднасмеше и поново ќе викнеше, слушајте народе, Ченто е пуштен од затворо. Димко е марулец по тоа што неговиот татко Тале и татко му Мицо опичарот Велјан се родени браќа од татко Спасе Дамјаноски од Марул доселени во 1859 година во Прилеп.

Есента во 1957 година во месец октомври имаше гласање во општината Тополчани за одборници. Во село Марул беа пријавени два кандидати. Јовчески Ристев Ванѓел и Ристески Цветанов Ванчо Мурџески. Победата при гласањето му припадна на Јовчески Ванѓел над Ристески Ванчо Мурџески.

Со овие наведени повеќе настани во таа година: 1. смена на притрупот во црквата; 2. Самоубиството или убиството на Димче Бункеро; 3. Тепањето на општинскиот порезник; 4. Умирањето на Ченто; Учителството на Спасе; 6. Гласдањето за одборник во селото општински партеник како да внесоја недоверба во селото, па затова властите односно милицијата често пати навраќаше во Марул. 

Продолжува

Loading