9 ПРИЧИНИ ЗА КОНЗУМИРАЊЕ НА РИБИ

Нутриционистите препорачуваат редовно консумирање на риби, оти оваа храна не е доволно често на трпезите, а е мошне здрава. Рибата има исклучителна хранлива вредност. Добра е за сите возрасти. Корисна е и за здрави и за болни.

Рибното месо е нискокалорично во споредба со другото. Белата риба има 70 – 80 калории на 100 гр, а сината 120 – 200 калории на 100 гр. Идеална е за борба со вишокот на килограми. Калориската вредност зависи од подготовката. Ако е пржена, мастите и калориите значително се зголемуваат. Ако е варена или печена, има понизок внес на калории.

Рибните протеини ги содржат сите есенцијални амино киселини потребни за растот, развојот и правилното функционирање на организмот. Типот на масна киселина, со која е богата сината риба, го штити срцето и артериите. Рибата содржи полинезаситени масни киселини како омега 6 и омега 3 масни киселини. Омега 3 ги спречуваат и ги лекуваат кардиоваскуларните болести. Овие болести се последица на атеросклероза, што е акумулација на масни наслаги на ѕидовите на крвните садови и губење на еластичноста. Храната од риби го зголемува “добриот холестерол” (ХДЛ) и го намалува “лошиот холестерол”, (ЛДЛ) и триглицеридите.

Разните хранливи материи ги спречуваат болестите на зглобовите и коските и тироидната жлезда.

Малата риба која се јаде со коски (сардина, анчоа) е добар извор на калциум. Обезбедува здравје на коските. Недостатокот води кон остеопороза. Морските риби и морските плодови се одличен извор на јод, нужен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Најдобар извор на јод е морската храна, лосос, туна, сардини и школки.

Рибата содржи хранливи материи кои одат во процесот на раст и развој, како што се протеини, омега 3 масни киселини, калциум, железо, цинк, јод, витамини Б, А, Д и Е. Рибата лесно се вари, поради структурата на мускулните влакна. Идеална храна е за пациенти со гастритис, улцеративен колитис, диспепсија или гастроезофагијален рефлукс.

Рибата еднаш неделно ја чувува сивата маса на мозокот, одговорна за меморијата и вродените функции, а со тоа го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.

Loading