НЕОЛИТСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ И КАРАКАМЕН НАПАДНАТИ ОД БЕХТЕЛ И ЕНКА

Левица

Се уништуваат локалитетот Каракамен познат по минералот македонит и археолошки артефакти од изведувачот, компанијата Бехтел и Енка кај селата Шелеверци и Алинци во близина на патот Прилеп – Битола.

 Ова го тврди локалниот клуб на партијата Левица во Прилеп, повикувајќи ги граѓаните, еколозите и геолозите да ги здружат силите за спречување на неповратното губење на овој редок феномен. Тие сметаа дека Владата е одговорана за негрижата за природното и културното богатство. Затоа бараат преземање на соодветни чекори за да се поправи оваа состојба.

Според нив, тоа е последица на договорот за изградба на патот Прилеп – Битола склучен со владата.

Понатаму од Левица велат дека во атарите на двете села се наоѓа исклучителен интересен локалитет познат под името Каракамен. Како природна вредност, локалитетот е доста значаен, бидејќи има присуство на голем број ретки минерали. Еден од нив е и македонит, кој прво бил регистриран тука, а потоа на уште еден локалитет во Шведска. Овој геолошки музеј, под отворено небо, не само што придонесува значително за научното знаење, туку има и економско значење со своите уникатни високо ценети минерали.

– Обесхрабрувачки е да се види негрижата што доведува до неповратни штети, оставајќи ги не само минералното наоѓалиште, туку и потенцијалните економски придобивки. Ова е ексклузивен локалитет не само по единствениот број на ретки минерали, но и по значајни културни остатоци од населба од праисториските периоди. Минералните суровини што ќе им се најдат на патот на изведувачите, можат слободно да ги експлоатираат. Во моментов се уништуваат и археолошки артефакти. Се работи интензивно, како денски и до доцните вечерни часови. Со цел што побрзо и што повеќе да се однесе природното и културно наследство кое го поседуваме – реагираат од Левица.

Тие оценуваат дека девастирањето е овозможено со измените во законот за минерални суровини донесен од Собраниет на 27 ноември.                                                                                                                                                                                                                                           

Loading