МЕД ЧЕКААТ ГЛАДНИТЕ ГУЛАБИ

Десетици гладни градски гулаби се натопориле на храната што им ја фрлаат дуканџиите околу споменикот на Итар Пејо во Старата чаршија. Природниот инстинкт за глад ги тера дури и да очекуваат дека ќе потече мед од грнето на Пејо над чаршиската чешма. Дуканџиите велат дека ги заиткале, откако им фрлиле малку леб, малку пченица… Дури и го научиле и времето на појадок, па настрвени чекаат да се заситат и да ја наполнат бапката под клуновите.

Овие мили птици се украс на плоштадите на повеќе метрополи низ светот. И кај нас станаа пердувести миленици на дуќанџиите. Некој забележал дека летоска биле многу побројни, а во меѓувреме исчезнале, оти биле мета на несовесните ловци кои ги тепале низ полињата за време на жетвата.      

Loading