КАСАП ИЛИ ВЛЕЧКАР

-Брзаш?

-Не, шо има?

-Ништо важно, глупости, колку сакаш.

-Каков чоеко, такви и муабетите.

-Че пијаме по едно каве или вака на нога?

-Немам пари. Ги забораив на клавир.

-Тогаш на нога. Пиев вчера едно. Доста е. Се пазам од притисоко да не вивни.

-Ај кажуај, ми отекоја… нозеве?

-Ова го чув, ама ти за ова муклец.

-Вака бил муабето, жими децата…

-Ајде де!

-Пошла Паца, онаа, преку ѕитчето, кај нашио касап. Име не кажувам, оти тешко на децата од комшиите. Само шо отворил. Барала Паца кило мелено. Овај í рекол:

,,Добро, мори Пацо, јас че ти дам, ама кажи да го погодиме ко шо треба. Шо че му прајш на Рампа денеска? Еми, сарма че му туткам. Шо да биди поарно. Мора да му ја клам пред два сато, оти после че брмчи. Ч е ти сечам од бутов. Че ти клам малце од кај коскава и пафлаче да збувнат сармите.

-Глеј да не збувни и цената.

-Не, че дајш три стотки, ама Рампо после ко со други очи че те гледа.

-Чул те Госпо! Земи пари и да се витосам. Само ако си ме излагал.

-Кога сум те излагал. Аирлија да е пазарлаков. Да видам шо нога имаш.

-Че те оган силен изгори, дамла да те вати…! Да и ја видиш на женати ногата, а не мојата. Глеш колкава е во газо, само со месо ја дрташ…

-Пацо чекај малце…

-Море чекан да те удри…

– Ама Пацо, така се вели зборо.

-Море бор да ти падни на гла. Шо зборо?

-На првио муштерија секогаш му викаме така. Адет е то. Ако пазаро денеска ми е добар, то значи уба нога имал. Со убај мисли, чист, па че има појче паричка.

-Аааа, значи до адето е. А не ти дека сакаш да ми ја видиш ногата?

-Еми, како да ти кажам… Не знам, не да нејчам, ама…

-А бе, ти касап си или влечкар? Сечиш или дрнкаш, плукни го то скокалето да те слушнам убо.

-Касап сум мори, ама не секогаш. Оди наручај го Рампо, да не го остајш гладен,,.                                                                                                                                     

Loading