ПРЕДНОВОГОДИШНИ  ПЕНЗИОНЕРСКИ АКТИВНОСТИ

Над 600 пензионери кои имаат месечни примања до 14 илјади денари, или со брачните другари пензионери заедно, до 20 илјади денари ќе можат  преку Здружението на пензионерите да добијат ваучер од 1 000 денари за набавка на производи во маркетот „Футура”.  По  традиција, како предновогодишен подарок. Формирана е комисијата која заедно со одборите при ограноците направи списоци за пензионерите ки го поминаа „филтерот”. Само година, за Велигден, а сега и за Божикните празници, Здружението на пензионерите од Прилеп оддели повеќе од еден милион и петстотини  илјади  денари  за повеќе од илјада и триста членови-пензионери.

Во дарувачка мисија годинава посебно е активно и Здружението на инвалидските пензионери. Оттаму укажаа дека по повод Денот на инвалидизираните лица, а посебно пензионерите членов и на ЗИП Прилеп добија посебни подароци во производи од ПИ „Витаминка”, а дел подароци по повод овој меѓународен ден добија и од компанијата „Футура”. И, како што велат од ЗИП Прилеп, нема да се застане само на ова. За оние пензионери кои имаат ниски пензиски примања, а кои во текот на оваа и минатата година немаат добиено  никаква помош од Здружението ќе бидат доделени вредносни ваучери од по илјада денари за набавка на производи од „Футура”. За тоа кои пензионери ќе добијат ваучери формирана е посебна Комисија која по прегледот на потребните доказни документи за примањата на пензионерите ќе направи и список за тоа кој ќе добие помош по повод  претстојните Новогодишни и Божикни празници. Важи правилото дека помош ќе добијат оние членови кои оваа годиона не добиле помош од Здружението за време на Велигденските празници.

Loading