СПИЕВМЕ КОГА СЕ БАРАШЕ БУДНОСТ

Македонија разорена однадвор, поклонета и  украдена од внатре. Прво на државата и народот им се одзеде знамето и името, потоа историјата, јазикот, културата, уништено образование, лаги, скандали, афери. Денешнава политика на соседниве држави и големите сили кон Македонија е рефлексија од минатото. ЕУ се однесува како кон територија со посебни потреби. Проклетство кон државата  која не била планирана да постои, бидејќи беше и остана јаболко на раздорот. Државата веќе изумре. Дојде ред за исчезнување на народот. Тивко и таинствено, постепено, за десетици години биолошки и духовно целосно ќе исчезне.

Недораснати политичари ја растураат вдолж и попреку. Со гракање ЕУ, ЕУ станаа екстремно кооперативни во отстапките. Би ги повампирале  сеништата од минатото како борба на околните народи за нашите души и нашата земја. Иронија на историјата, самоуништувачки оргии. А мајчиниот јазик? Изумреле латинскиот, хунскиот, старо-грчкиот, египетскиот, дачанскиот и стотици други. Според УНЕСКУ загрозени се околу 2500 јазици меѓу кои е и македонскиот.

Али Ахмети изјави: “Ние сме газди во оваа држава”. Се јави и Касами: “Тргнете го сами крстот да нема тензии и предизвикува провокации”. Зграпчени во канџите на црниот орел, агресијата преминува во деструкција. Албанските политичари дојдоа на власт дирекно од “бојното поле”. Мафијашки систем на федерализиран апардхејд. Мора да се преиспита Бадентер и балансерот.

Идентитетски погреб на Македонците од Грција со преспанскиот договор во 2018 година.

Нашиве неписмени политичари настојуваат по секоја цена да се внесат Бугарите во уставот. Бугарите ништо повеќе не би барале. Никој не спомнува во што е проблемот? Проблемот е во преговарачката рамка и протоколот. А што бараат, башка од ?

Ќе се случи апокалиптични сценарија на преспанскиот и бугарскиот договор како и на томосот.

Славниот научник Михаило Пупин патува со пајтон. Се случува невреме со грмежи. Пупин рипнал од пајтонот и се прикрил некаде, а пајтонџијата го чека. По смирувањето на времето Пупин се враќа во пајтонот и му вели на пајтонџојата: “Блазе тебе Милутине што не знаеш што е физика (гром)”. Не само знаењето туку и незнаењето може да ве направи несреќен.

Велат дека го решиле и проблемот со црквата!?  Да, но на муртински стил, со уцени, со предавство, со бришење на најсветото – идентитетот. Тоа е злострство, тоа е понижување. Гркот Вартоломеј условува без името Македонија и нејзините деривати. Ама и други цркви носеле име без името на државата. Да, но тоа било нивна желба, без условувања, без никакви туѓи злонамери. Ќе родат македонските мајки чеда кои ќе ги збришат сите овие договори, платформи и томоси.

Славниот Толстој бил анатемисан поради неговото дело “Легендата за ѓаволот”. Сатаната бара начин како да се уништи христијанството. Мало ѓаволче вели: “Јас открив, ја измислив црквата”. Тоа е гревот на богомилот Толстој. Мислам дека требало Толстој да се запознае со Кочо Рацин. А нашиве, да ја согледаат вистината им препорачувам да ги симнат кечињата од главата.

ПРИМ.  СПЕЦ.  Д Р  Б.  ДАМЕСКИ

Loading