“ПОД НУЛАТА” НА ПРИЛЕПСКИТЕ УМЕТНИЦИ

Групна изложба

Во Ликовната галерија отворена е изложбата “Под нулата”, авторски проект од Викторија Димеска, историчар на уметност. Станува збор за мултимедијален проект, кој предизвикува голем интерес, со кој, уметниците Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска – Николоска, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христина Мазнеска и Христијан Нашуловски, ги истражуваат проблемите и решенијата поврзани со климатското затоплување.

Димеска вели дека проектот обединува восхитот кон грандиозноста и мистериозноста на природата со современите концепти на одржлив развој и заштита на животната средина од глобалното затоплување.

– Уметниците пренесуваат моќна визуелна порака -”Грижи се и дејствувај денес, за безгранична и чиста иднина” со помош на бројни цртачки и сликарски, традиционални, комбинирани и експериментални техники, како и применетите нови практики во скулптурата – истакнава Димеска.

Изложбата ја збогатено со настапот на Дуо Волчело.

Loading