НАГРАДА ЗА ФИЛИП ЈОВЕСКИ

Нашиот попродуктивен уметник Филип Јовески за делото “Замка” се закити со награда за најдобро остварено дело по повод традиционалната ноемвриска изложба на ДЛУБ. Првата награда му претставува голема чест, особено што доаѓа точно од Друштвото на ликовни уметници на Битола.

-Се надевам дека делата ќе предизвикуваат љубопитност – истакнува Јовески.

 “Замка” е рефлексија на “сјајната/светкава” состојба на урбанизмот во нашите црни градови, без зеленило и со загаден воздух каде е “богатството” да се поседува дом. Делото е со големина 70/50 см и е во комбинирана техника.

Наградата се доделува традиционално на изложбата за денот на ослободувањето нат Битола на 4-ти Ноември. Годинава темат била “слободата” при изразувањето, што е длабоко поврзана со реалноста.

Loading