КОНЦЕПТ – „НОВО ЧИТАЊЕ“

Од 7 до 14 јуни 58. МТФ “Војдан Чернодрински”

На 58 издание на МТФ “Војдан Чернодрински” што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во официјалната програма ќе бидат изведени 11 претстави и 6 во придружната програма. Наградите за животно дело ги добија актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.

Фестивалот ќе биде отворен со изведбата на претставата “Хеда Габлер” на Драмски театар.

Уметничкиот директор д-р Ана Стојаноска соопшти дека годинашново издание се обединува под концетот “Ново читање”. што ги опфаќа двете потпрограми – “Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски” и “Ново читање на класиците”.

– Иницијалната позиција од која почна селекцијата е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинешниот Автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес. Во програмата доминира потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот… На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава – рече Стојаноска.

Ќе бидат одржани работилници, промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори, ќе бидат активни сите фестивалски зони како лани, а ќе има и некои нови кои посетепено ќе се откриваат.

Во жирито се д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Loading