СТРУЈА ОД СОНЦЕ И ТОПЛА ВОДА ОД СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ

Во домот за стари лица

Инвестицијата е од 110 илјади евра за заштеда на 35 илјади евра годишно

Домот за стари лица, “Киро Крстески-Платник” инсталираше 100 фотоволтаични панели и 30 термални колектори, надополнети со термална пумпа. Заштедите за електрична енергија ќе изнесуваат околу 40 отсто годишно. Фотоволтаичната централа ќе ги намали трошоците за греење и ладење, трошоците за нафта и ќе ја подобри хигиена на станарите ан домот. Проектот од 6,7 милиони денари се реализираше преку Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа.

Според директорот на домот, Благоја Стојаноски, ова е фаза за постепено преминување на енергенси со кои се редуцираат трошоците и не се загадува животната средина.

– Проектот се состои од два дела. Првиот е 100 фотонапонски пвт панели со моќност од 40 квч за греење и ладење, а вториот е термалниот дел, составен е од 40 сончеви колектори за загревање на водата, три бојлери по 1 000 литри и топлинска инвертер пумпа, надополнета со резервоар за топла вода со капацитет од 2 500 литри. Очекуваме заштеда од околу 2 милиони денари годишно. Инвестицијата би се вратиле за околу 4 години –  рече Стојаноски.

– Приоритет е даден на намалување на трошоците, заштеда на енергија, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и користење обновливи извори за енергија во установата која е втор потрошувач на енергија во градов по пречистителната станица – истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Новите пратеници од Прилеп истакнаа дека ќе побараат промена на сегашниот закон локалните јавни претпријатија да имаат можност да произведуваат електрична енергија за своите потреби без ограничување.

– Ќе побараме измена на овој закон во смисла да се симни рамката и да се прошири и за јавните претпријатија за да се користат обновливите извори на енергија за сопствените потреби – рече Дејан Проданоски, пратеник и претседател на Советот на општината.

Домот за стари лица згрижува 150 штитеници од цела Македонија во 3 еднокреветни соби, 20 двокреветни и 37 трокреветни во објектот од 4.038 м2 и 7.550 м2 двор. Се подготвуваа оброци за штитениците во современа кујна, а хигиената се одржува со две индустриски машини за перење. Постои сала за физикална терапија и соба за дневен удобен престој како во домашна атмосфера.

Домот прифаќа и времено сместува возрасни и стари лица, кои заради разни околности се нашле надвор од местото на живеење, без средства за живот или се без постојано место на живеење, сé до нивното враќање во сопственото семејство или сместување во друга соодветна установа за социјална заштита.

Се реконструираат собите

Домот последниве години е постојано во рекострукција. Постепено се обновуваат неуредените уште неколку соби, тоалетите и бањите кои досега не биле уредени од 1977 година. Веќе се средени неколку. Реконструкцијата ќе ги опфати сите стари соби.            

Инаку во домот е обезбедена опрема од 90 медицински кревети, 53 кревети од масивно дрво, 50 масички на тркала погодни за сите видови на кревети, 64 трпезариски столици, 16 трпезариски маси, 8 сета од по 4 столици за во ходниците, 18 плакари за во собите и душеци со различни квалитети, според потребите на лежечките и другите штитеници во вредност од 5,3 милиони денари.

И кујната е обовена со донација од компанијата Кромберт и Шуберт од електрични индустриски рерни и друга опрема.

Loading