„СИМФОНИЈА“ – НОВ РОМАН ОД БИЛЈАНА ТИНТОСКА

“Симфонија? е насловот на новиот роман од писателката Билјана Тинтоска, што ќе биде промовиран на 14 мај во 19 ч. во СОУ “Ѓорче Петров”. Промотор ќе биде Габриела Стојаноска Станоеска, а модератор Лидија Ристеска.

Романот е различен од другите.  Говори за тоа како човекот се справува со болката заради загубата на блиските и како ја споделува радоста со другите. Романот крик за болката, но и достоинственото носење на сопствениот крст, но и химна на смислата на животот и љубовта.

– Романот ја допира поврзаноста на човекот со своите предци. Сите носиме духовно наследство. Лошото треба да го надминуваме и поправаме, а доброто треба да го надградуваме. Човекот не почнува од нула – вели авторката.

“Симфонија” е четврт роман на Тинтоска.  Таа е потпишана на кориците на збирка на подолги раскази.

Loading