„ДАЛМАТИНКО“ за најмладите

“Далматинко” е урнебесна хит комедија за деца, што ќе биде изведена утре напладне во ЦК “Марко Цепенков”.

Дејствието е во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња. Но, почнуваат многу незгоди кои му ги приредуваат кученцето Тошко и комшивката, Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката се доаѓа до пораката, никого не потценувај во животот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите се еднакви и секогаш треба да бидат заедно како едно. Со многу комични ситуации, музика и педагошки елементи се задржува вниманието преку театарскиот јазик.

Автор и режисер е Сашо Ристовски, а играат Бранко Атанасов, Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски.

Влезниците беа 100 денари..

Loading