ГОЛЕМО КОЊАРИ Е ПРЕД ЦЕЛТА

Фудбал

Голема сензација е во Третата фудбалска лига – Југ. Таму се очекуваше велешкиот Борец, екс-прволигашот, без проблеми да биде првак. Се појави Големо Коњари, екипа која го доби меѓусебниот дуел во Велес, а има наредено шест победи во серија. Последната е дома, со последнопласираниот Бучин, со 7:0, со головите на  Ибраимоски 2, Сркески, Селманоски 3 и на Андреевски. Екипата на тренерот Горан Касниоски е пред целта – есенски првак, а в недела (13 часот) во Лажани е последниот дуел, од 11. рунда, со Слога. На табелата Г. Коњари има 24, Превалец 23, Борец 20 бода, а Слога е осма со 9.

Во Втората лига е 13. коло. Победа гостува на Арсими во Голема Речица. Успех значи полн стадион на дербито со Пелистер во Прилеп.  Табела: Беса 31, Детонит 26, Пелистер 24, Охрид и Беласица 20, Кожуф, Тетекс и Башкими 17, Арсими и Новаци 16, Победа 15, Скопје и Вардар Н. 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

Loading